Андри Гудјонсен, исландскиот репрезентативец кој минатиот месец постигна гол во пресметката со Македонија (2:2) и донесе бод за својата селекција, ќе биде прекомандуван во првиот тим на Реал Мадрид.
19-годишниот фудбалер потоа продолжи со добрите игри и во Реал Мадрид кастиља, како и во исландскиот национален тим, па Карло Анчелоти го вклучил со првиот тим.
Синот на прославениот фудбалер Едјур Гудјонсен по само две минути минати на теренот против Македонија успеја да постигне гол.
Останува да се види дали ќе ја добие довербата и да добие шанса во првиот тим на „кралевите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА