Договорот на Кристијано Роналдо во Саудиска Арабија содржи клаузула што му овозможува да го напушти Ал Наср во јуни 2026 година. Веста ја објави португалскиот „Рекорд“ чиј сопственик е Кристијано Роналдо!
Славниот Португалец го бојкотираше натпреварот помеѓу Ал Наср и Ал Ријад, незадоволен од политиката на сопственикот на клубот.
Извор близок до клубот изјави дека причината е длабокото незадоволство на Кристијано Роналдо од спортското и институционалното управување со Ал Наср од страна на Јавниот инвестициски фонд (PIF).
Кристијано верува дека неговиот клуб е во неповолна положба во споредба со другите тимови што исто така се контролирани од истиот фонд.
И додека некои светски медиуми ја осудуваат постапката на славниот фудбалер, бидејќи тој штрајкува и е платен десетици милиони, португалскиот печат е на страната на нивниот сонародник.
Така, „Рекорд“ објави под наслов „ИТНО“ дека договорот на Кристијано Роналдо во Саудиска Арабија содржи клаузула што му овозможува да го напушти Ал Наср во јуни 2026 година. Исто така, се наведува дека има европски и американски клубови заинтересирани да го ангажираат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

