И Дончиќ ги спакува мизерните Лејкерс, тимот од ЛА нема да игра ниту плеј-ин (ВИДЕО)

Далас Маверикс ја продолжи агонијата на Лос Анџелес Лејкерс откако синоќа славеше на домашен терен со убедливи 128-110.

Повторно најдобар поединец во таборот на тимот од Тексас беше Лука Дончиќ кој запиша нов трипл-дабл (34 поени, 12 асистенции и 12 скока). Во отсуство на Леброн Џејмс кај Лејкерс, најдобар поединец беше Расел Вестбрук кој натпреварот го заврши со 25 поени, надополнети со осум скока и шест асистенции.

Во дербито на вечерта актуелниот шампион Милвоки Бакс во спектакуларен натпревар славеше на гостувањето кај Филаделфија 76 со 116-118. Јанис Адетокумбо со 40 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Џејмс Харден заврши со 32 поени.

Во останатите натпревари од синоќешната понуда: Вашингтон – Чикаго 94-107, Бруклин – Детроит 130-123 и ЛА Клиперс – Јута 121-115.

Се вчитува...