И Фенер изненаден: Жалгирис ја доби драмата во Истанбул (80-82)

Во повеќе од драматичен натпревар, Жалгирис успеа да му се реваншира на Фенербахче за поразот на првиот натпревар од четвртфиналната серија славејќи во вториот меч во Истанбул со 80-82.

Литванците одиграа одлични три први четвртини па во последниот период влегоа со 15 поени предност (58-73). Но, Фенербахче се свести на крајот и со феноменална серија успеа да стигне во последната минута до 80-80. Сепак, Улановас на 23 секунди пред крајот погоди за конечна победа на Жалгирис од 80-82.

Жалгирис, на тој начин, успеа да стигне до „брејк“ пред продолжувањето на серијата на домашен терен.

Најефикасен во денешниот триумф беше токму Улановас со 20 поени, а 14 поени постигна Волтерс. Кај Фенербахче, Луиџи Датоме запиша 17 поени а Слоукас мечот го заврши со 15 постигнати поени.

Се вчитува...