И фудбалерите на Челси на колена – Поддршка за протестите против полициската бруталност во САД

Фудбалерите на англискиот премиерлигаш Челси им се придружија на колегите од Ливерпул и клекнаа на колена во знак на поддршка против полициската бруталност во Соединетите Американски Држави и загубениот живот на Џорџ Флојд. Од сите страни ширум светот стигнуваат пораки за поддршка во борбата за искоренување на расизмот во светот.

Вчера фудбалерите на Ливерпул на тренинг клекнаа на колена како поддршка за протестите во САД, а денеска истото го направија и нивните колеги од Челси.

Во Соединетите Американски Држави веќе неколку дена владее тотален хаос откако во полициска бруталност беше убиен Џорџ Флојд.

Се вчитува...