И Холандија има позитивен играч на коронавирус пред ЕВРО 2020

Македонија не е единствената селекција од нашата група што се соочува со проблеми со коронавирус на помалку од дваесет дена до почетокот на европскиот шампионат. Фаворитот Холандија исто така не може комплетно да ги стартува подготовките откако беше обелоденето дека Јаспер Силесен е позитивен на коронавирус и последен ќе му се стави на располагање на селекторот Де Бур.

Одличниот голман не беше присутен на тренинзите во првите денови од подготовките, за денеска да биде обелоденето дека тој ќе го пропушти и тренинг-кампот во Португалија каде „лалињата“ ќе ги минат следните неколку дена. Според холандските медиуми, Силесен нема никакви симптоми, но согласно протоколите се наоѓа во самоизолација и дури по два негативни ковид-тестови ќе може да се приклучи на остатокот од националниот тим.

„Лалињата“ со 23 фудбалери ќе отпатуваат на мини-подготовките во Лагос, каде в недела ќе им се приклучат Френки де Јонг, Џорџино Вајналдум. Последен на националниот тим на Холандија во Португалија ќе му се приклучи Нејтан Аке, кој утревечер ќе настапи за Манчестер Сити во големото финале од Лигата на Шампионите против Челси.

Се вчитува...