И Интер како и Милан: Кикс против Џенова… (ВИДЕО)

Интер не успеа да го искористи денешното реми на Милан со Удинезе, па со свој кикс и реми против Џенова не успеа да се израмни на врвот од табелата во Серија А.

„Нераѕурите“ одиграа натпревар без голови со џеновјаните, на тој начин и натаму останувајќи со негатива од два бода за „миланезите“ на врвот од табелата во италијанскиот шампионат.

Фудбалерите на Интер имаа повеќе од иницијативата, создадоа одлични можности на крајот и преку Лаутаро Мартинез во 89. минута, но не успеаја да погодат за три бода.

Се вчитува...