И да ја добие жалбата пред судот во Лозана, за Челси летниот преоден рок е пропаднат

Арбитражниот спортски суд во Лозана нема да го разгледува случајот по жалбата на Челси за забрана на трансфери во два преодни рока пред 14. август. Значи дека дури и да ја добие парницата освојувачот на УЕФА Европа лигата нема да може да прави трансфери во актуелниот летен преоден рок.

Ова поради тоа што во Премиер-лигата преодниот рок веќе ќе биде завршен кога би била донесена одлуката. Челси во моментов и покрај тоа што е во процес на жалба, не смее да реализира трансфери.

Судот ја објави листата сослушувања за случаите кои се на распоред во следниот период, а Челси го нема воопшто во целото лето односно на листата сослушување закажани заклучно со 14. август.  Во најдобар случај Челси може да се надева на трансфери во зимскиот преоден рок.

Се вчитува...