Шпанија го доби големиот пиринејски дуел во осминафиналето на Светското првенство, совладувајќи ја Португалија со минимални 1-0 и ставајќи крај на нејзините мундијалски амбиции.
И додека шпанските фудбалери ја славеа големата победа, сите погледи по последниот судиски свиреж беа насочени кон култниот португалски капитен. Кристијано Роналдо не успеа да ги сокрие емоциите и со солзи во очите го напушти тревникот, свесен дека тоа беше неговиот последен танц на светските собири.
На 41-годишна возраст, еден од најголемите фудбалери на сите времиња се збогуваше со својот најголем сон, оставајќи зад себе незаборавна ера во дресот на националниот тим.
Cristiano Ronaldo llorando con Superestrella de fondo pic.twitter.com/HJxZi8yuCM
— EliamSweet (@eliamsweet) July 6, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
