И капитенот на Бешикташ сака да игра за Косово

Фудбалска еуфорија владее во Косово по одличните игри на оваа селекција во квалификациите за ЕП 2020. Дури и доколку не успее да се пласира преку квалификациската група, Косово ќе има шанса за место на ЕВРО 2020 преку Лигата на Нации, каде во полуфиналето од плејофот во Д-дивизијата ќе се сретне токму со Македонија.

А проблем за нас сигурно претставува фактот што Косово има шанси дополнително да се засилува со играчи кои имаат корени од оваа земја. Претседателот на фудбалската федерација на Косово, Агим Адеми, откри дека се водат преговори за Елвис Рехбецај од Волфсбург и Кемал Адеми од Базел да заиграат за оваа земја, а според последните информации големи се шансите до баражот со Македонија дресот на Косово да го облече и капитенот на Бешикташ, Неџип Ујсал.

Тој има семејни корени од Косово, а во ситуација кога Турците не сметаат сериозно на него, Ујсал веќе прифатил да заигра за косовската репрезентација. Проблем во ситуацијата е што тој има еден настап за сениорската репрезентација на Турција, па ќе мора да добие специјална дозвола од ФИФА за промена на „фудбалското државјанство“.

Се вчитува...