И Кире Ристевски се враќа – во комбинација за дуелите со Естонија и со Ерменија

И Кире Ристевски се врати на тренинзите на македонската репрезентација. Ристевски, кој поради позитивен тест отпадна за патувањето во Грузија и историскиот натпревар за пласман на ЕП, денеска го одработи официјалниот тренинг на „Тодор Проески“ пред утрешниот натпревар со Естонија во Ц-лигата од Лигата на нации.

Ристевски има негативен тест на Ковид-19 и ќе биде во комбинација за настап.

Се вчитува...