Конечни и Ливерпул „капитулираше“ сезонава во Премиерлигата. Во 28. коло „црвените“ сосема неочекувано загубија повеќе од убедливо на гостувањето против Ватфорд со 3-0.
Првиот гол на домашните беше дело на Сар во 54. минута, а истиот фудбалер во 60. минута зголеми и на 2-0.
Конечните 3-0 ги постави Динеј во 72. минута.
Но, ниту овој пораз не може да го загрози патот на Ливерпул до титулата во Премиерлигата сезонава. Тимот на Јирген Клоп има 22 бода предност во однос на второпласираниот Манчестер сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА