И Морант со голем НБА договор

Еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, Жа Морант го продолжи договорот со Мемфис Гризлис. Морант доби нов петгодишен договор вреден 231 милион долари.

Од тоа членот на вториот најдобар тим претходната сезона ќе добие гарантирани 193 милиони долари, а целиот износ ќе го добие доколку и следната сезона биде дел од најдобрите кошаркари во лигата.

„Мемфис е мојот дом“, накратко напиша Морант. 

Се вчитува...