И Партизан се заканува со напуштање на АБА

Кошаркарскиот клуб Партизан, се огласи со соопштение во кое наjавува напуштање на АБА лигата во случај ако не се обезбедат „регуларни услови за натпреварување“. Од Партизан соопштија дека не сакаат да бидат средство за политички игри на двете страни во регионалното натпреварување. Тие истакнаа дека ќе ги бранат интересите на српската кошарка, која ќе ја стават пред интересите на поединците.

„Доколку менаџментот на АБА и клубовите како нејзини сопственици, вклучувајќи го и Партизан, не се во состојба да обезбедат регуларни услови за натпреварување и спроведат прописи, КК Партизан веќе нема да биде дел од АБА лигата и ќе се насочи кон другите лиги и натпреварувања. Партизан ќе ги стави интересите на српската кошарка ќе ги стави пред интересите на поединците и ќе се бори за доброто на клубовите и натпреварувањето, со цел да се обезбедат фер услови, а не да се чуваат некои функции до кои поединци стигнале на волшебен начин“, стои во соопштението на КК Партизан. 

Соопштениието на „црно-белите“ од Белград следи откако се појави вест дека во Загреб ќе биде одржан неформален состанок на АБА лигата, на кој не се повикани Црвена Звезда и ФМП Железник.

Се вчитува...