И Рудигер се приклучи на Ето и Дрогба: Срамота! Африканците не се животни!

И дефанзивецот на Челси, Антонио Рудигер се приклучи на Самоил Ето и Дидие Дрогба кои ги критикуваа француските лекари околу нивниот став со лекот за Ковид-19 да се експериментира во Африка.

Неколку француски професори се појавија со мислење дека најдобро е тестот за вакцината против Ковид-19 д биде во Африка, како можна дестинација, затоа што таму има и многу потенцијали волонтери.

„Вие сте го.на! Африка не е ваша за да си играте со неа“ – реагираше на тоа Самоил Ето, на кого се приклучи и Дрогба.

Сега, кон критиките за Французите се приклучува и Рудигер…

„Ми беше потребно малку време за да може да најдам вистински зборови за овие луѓе. Двајца француски доктори на предложија експеримент со вакцина за Ковид-19 во Африка. Како Африканците да се животни? Срамно! Ова е расизам на највисоко можно ниво“ – напиша Рудигер на својот профил на социјалните мрежи.

Се вчитува...