И со фудбалов се забега: Нејмар во ПСЖ би заработувал 2,5 милиони евра месечно

Бразилецот Нејмар го урива светскиот рекорд и од Барселона се сели во Пари Сен Жермен. Овој мегатрансфер во најава би можел да стигне неверојатна сума од половина милијарда евра. Доколку се случи, ќе ги помести сите граници што досега не можеле ниту да се замислат, а не и да се остварат.

Но, фудбалот е огромен бизнис, а за фудбалерите се плажаат енормни богатства. Така, Нејмар, како месечна плата доколку се одлучи да потпише за ПСЖ ќе заработува 2,5 милиони евра. Или неверојатни 30 милиони евра по сезона. Но, и огромни бонуси за секој освоен трофеј, секој погодок и секоја асистенција. За секоја победа на Пари Сен Жермен.

Бразилските медиуми информираат дека Нејмар веќе му се исповедал на својот најдобар другар од Бразил, кој не е дел од фудбалскиот свет, дека ќе се пресели во Париз и дека таму ќе биде „главен“. А, со тој клуб сонува да ја освои Лигата на шампионите. И, секако, неговата банкарска сметка ќе се врти со енормна брзина…

Се вчитува...