И Струга ТЛ ги почна зимските подготовки, од 24. јануари тимот се сели во Турција (ФОТО)

И есенскиот шампион во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Струга Трим Љум од денеска и официјално ги започна подготовките за пролетната полусезона.

Тимот, под водство на шефот на стручниот штаб Срѓан Захариевски, од денеска до 23. јануари ќе се подготвува во Струга, додека од 24. јануари до 5. февруари се сели во Турција, каде што тренерот Захариевски заедно со неговиот штаб планираат да одиграат и неколку пријателски натпревари.

Се вчитува...