И Тер Штеген заминува во Саудиска Арабија

Голманот на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген би можел да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија на крајот од сезоната, пренесуваат шпанските медиуми.

Тер Штеген има договор со Барселона до јуни 2028 година, но шпанските медиуми пренесуваат дека управата на Ал Итихад испратила богата понуда до германскиот голман, но и до каталонскиот клуб.

Спортскиот директор на Ал Итихад Рамос Планес го убедува Тер Штеген да ја прифати понудата од клубот од Саудиска Арабија. Тер Штеген  е член на Барселона од 2014 година, а за каталонскиот клуб досега одигра 398 натпревари. Ал Итихад е петти на табелата во Саудиската лига со 34 бодови.

Се вчитува...