И тоа го има: Беше на СП во Катар, па си дојде дома

Калвин Филипс требаше да биде засилување за Манчестер Сити по трансферот од Лидс, но повредата го спречи англискиот репрезентативец да има посериозна минутажа кај Пеп Гвардиола во првиот дел од сезоната.

Стратегот на Сити сепак воопшто не е импресиониран од Филипс, особено откако искусниот играч за врска се вратил од мундијалот во Катар со зголемена тежина од предвидената.

„Филипс не е повреден, не играше против Ливерпул бидејќи се врати од Катар здебелен. Немам објаснување, не знам што се случувало таму, но Филипс не е во состојба ниту да тренира со полна пареа, камоли да игра натпревар“, изјави Гвардиола.

Се вчитува...