И тоа го видовме: Автогол на голман на ЕВРО 2020

Интересно е на денешната програма од ЕВРО 2020, првиот меч го одбележа феноменалниот погодок од половина терен на Патрик Шик, додека на вториот бевме сведоци на автогол на голман, прв ваков погодок на овој шампионат.

Полјакот Шчешни беше малерот на кого ова му се случи, откако топката по шутот на Мак удри во дирекот, но се одби од голманот на Јувентус и заврши во неговата мрежа.

Се вчитува...