И тоа го видовме – пчели нападнаа фудбалери среде натпревар

Мечот меѓу Портовиехо и Манта во втората лига на Еквадор се најде во фокусот на вниманието на светската јавност. Не поради фудбалските квалитети, туку поради неочекуваниот напад на пчели врз фудбалерите на двата тима.

Мечот течеше нормално, а потоа при еден аут за домаќините фудбалерите почнаа да легнуваат на теренот. Заедно со нив и судиите, па сите останаа легнати десетина секунди, додека не мина „инвазијата“ од инсекти и натпреварот продолжи.

Се вчитува...