И тоа има во Англија: Ако губиш, пожали се на расизам и направи прекин

Аматерски фудбалски натпревар кој се одржуваше во јужен Лондон меѓу Кројдон Атлетик и Фишер кои се дел од регионална лига на југо-источната област не го доживеа крајот откако настана тепчка во која беа инволвирани сите фудбалери на теренот.

Инцидентот настана по еден час игра откако гостинските фудбалери тврделе дека еден нивни член бил нападнат на расистичка основа од дел од противничките фудбалери.

Од навредениот тим објавија и соопштение во кое се вели „дека резултатот бил сосема неважен и во сенка на расистичката злоупотреба“. Инаку во моментот на прекинот иницијаторите на тепачката губеа со 3-1.

Се вчитува...