И тоа ќе го видиме – скопско вечно дерби во Гостивар

Вечното дерби меѓу Работнички и МЗТ Скопје што беше одложено вчера ќе се игра денеска, но не во главниот град. Гостивар е изборот на раководството на Работнички за место на одигрување на дуелот од четвртото суперлигашко коло, откако отпаднаа неколку варијанти за одигрување на мечот во Скопје.

Немањето гаранциии дека проблемот со семафорот во „Градски парк“ ќе се реши во текот на денешниот ден го исфрли домот на Работнички од конкуренција, додека опцијата „Јане Сандански“ отпадна поради неможноста навреме да се извади подлогата од ракометниот фајналфор во СЕХА-лигата. Салата во СЦ „Борис Трајковски“ е зафатена, па во една таква ситуација челниците на Работнички го избраа Гостивар за град-домаќин.

Немавме многу избор, а од неколкуте опции избравме – дербито ќе го играме во Гостивар со почеток во 19 часот“ – изјавија од раководството на Работнички за ЕКИПА.

Се вчитува...