И тоа се случи: Барса по пет години без гол во групната фаза од ЛШ

Барселона вечерва ремизираше 0-0 на гостувањето против Олимпијакос, натпревар на кој каталонците и покрај доминацијата и создадените шанси не успеаја да ја затресат мрежата на грчкиот шампион.

Со тоа, воедно беше прекината и нивната серија од погодоци во групната фаза од ЛШ, по што за првпат по пет години пауза Барса не постигна гол на меч од првата фаза од елитното европско натпреварување.

Претходно, тоа беше случај на дуелот на „Камп ноу“ на 5 декември 2012 година, на кој Барса ремизираше 0-0 против Бенфика, дуел кој немаше преголемо значење бидејќи каталонците веќе имаа обезбедено место во осминафиналето.

Се вчитува...