И тоа се случи: Фудбалер на Реал Мадрид сам побара да замине од тимот

Ретки се случаите кога фудбалерите на Реал Мадрид сами бираат да замнат од славниот шпански клуб и сакаат да го напуштат раскошниот живот во главниот град на Шпанија, но тоа е случајот со Дани Себаљос кој воопшто не е задоволен од статусот кој го има во тимот.

Дваесетиседумгодишникот изминатото лето одби неколку шанси за преселба од Мадрид со цел да се докаже дека вреди во тимот на Карло Анчелоти, но не успеа во обидот. Оваа сезона настапи на само 21 натпревари во сите конкуренции добивајќи скромна минутажа најчесто од клупата за резерви па е подготвен да стави крај на кариерата во „кралскиот“ дрес.

Ништо против заминување на Себаљос нема ниту Реал Мадрид кој е подготвен да го пушти за сума од осум милион евра, пренесуваат шпанските медиуми.

Себаљос е дел од Реал Мадрид од 2017 година кога премина на „Сантијаго Бернабеу“ од Реал Бетис. Од 2019 до 2021 година беше на позајмица во Арсенал.

Се вчитува...