И тоа се случи – фудбалски трансфер платен во биткоин

Турскиот нисколигаш Харунустаспор влезе во историјата како прв фудбалски колектив што платил нов фудбалер со биткоин. Станува збор за фудбалерот Омер Фарук Кироглу, за чии услуги Харунустаспор плати 0,0524 биткоини, што изнесува околу 420 евра според актуелниот курс на оваа валута.

„Го плативме Омер со биткоин со една цел – за нашиот клуб да се чуе низ целиот свет. За нас се зборува на телевизија, горди сме на тоа. Со овој потег покажавме колку сме модерни, Харунустаспор е секогаш отворен за иновации“ – изјави претседателот на клубот, Халдун Сехит.

 

Се вчитува...