Тотенхем е најновиот клуб кој покажува интерес за Антонио Рудигер. Играчот од одбраната на Челси е во немилост на менаџерот Френк Лампард и не беше во составот на три последни дуели, против Вест Бромвич, Барнли и против Ливерпул, како и на синоќешниот меч од Лига купот токму против Тотенхем.
Вест Хем и Пари Сен Жермен исто така покажуваат интерес за Рудигер, но би го зеле на позајмица.
Тотенхем би сакал да го добие Рудигер, но шансите Челси да го пушти во ривалскиот тим со траен договор се многу мали. Последниот настап на Рудигер за Челси беше во поразот од Арсенал во финалето на ФА купот во август.
И покрај неговата улога во убедувањето на сонародниците Каи Хаверц и Тимо Веренер да му се приклучат на клубот се чини приказната на Рудигер на „Стемфорд Бриџ“ е завршена. Конкретни понуди за позајмица од Вест Хем и од ПСЖ веќе имало.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА