И Црвена Звезда на „менито“ на Олимпијакос во Белград, Монако трумфираше со Жалгирис

По победата над Партизан во претходната рунда натпревари, Олимпијакос со уште една победа во Белград во Евролигата, овој пат над Црвена Звезда со 86-89.

Во уште еден драматичен меч, Олимпијакос до победата дојда благодарение на тројката на Мосес Рајт на 24 секунди пред крајот при резултат 84-84. Во израмнетиот дуел тоа го пресуди победникот, иако Грците во поголемиот дел од мечот имаа водство.

Токму Рајт со 20 поени беше најефикасен кај Олимпијакос, а Боломбој беше најдобар кај Црвена Звезда со 19 постигнати поени.

Монако, пак, во битката за пробивање на втората позиција на табелата славеше против Жалгирис со 69-66. Џејмс со 18 постигнати поени беше најдобриот поединец кај Монако.

Се вчитува...