И Ван Бомел кандидат за нов тренер на Милан

Милан има договор со Стефано Пиоли до 2021 година, но италијанските медиуми најавуваат дека 54-годишниот тренер сигурно не останува на „Сан Сиро“ по крајот на сезоната.

Веќе се најавува дека Германецот Ралф Ренгник е најсериозниот кандидат за негов наследник, но како опција „росонерите“ го разгледуваат и поранешниот холандски репрезентативец Марк Ван Бомел кој е без ангажман откако во декември минатата година се раздели со ПСВ.

„Ван Бомел остави добар впечаток во разговорот со челниците на Милан. Веќе се почнати преговори“ – пишуваат италијанските медиуми за Холанѓанецот кој дресот на Милан го носеше од јануари 2011 до јуни 2012 година.

Се вчитува...