Продолжува егзодусот на ѕвезди кои нема да настапат на годинашниот НБА „Ол-стар“ викенд кој на програмата е следната недела во Солт Лејк Сити. Откако своето учество го откажаа поради повреди Кевин Дурант и Стеф Кари, сега им се приклучи и првата ѕвезда на Њу Орлеанс Пеликанс, Зајон Вилијамсон.
Тој нема да биде во Солт Лејк Сити поради повреда на тетивата, поради која повеќе од еден месец е надвор од терените. Вилијамсон нема играно од 2. јануари поради повреда. Сезонава имаше просек од 26 поени, седум скока и 4,6 асистенции по натпревар.
Тој беше избран во првата петорка на Западната конференција на ол-стар натпреварот. Вилијамсон, кој беше прв пик на драфтот во 2019 година, ја пропушти целата сезона 2021/2022 откако ја скрши десната нога.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА