ИААФ бара Семења да нема право да настапува на 800 метри

Светската атлетска федерација (ИААФ) ќе побара поништување на одлуката со која олимписката шампионка Кастер Семења има право да се натпреварува без да користи лекови за намалување на нивото на тестостерон.

Врховниот суд во Швајцарија во понеделник донесе одлука привремено да ја одложи примената на новото правило на ИААФ според кое атлетичарките кои се натпреваруваат на делниците од 400 до 1500 метри,  мора да го ограничат нивото на тестостерон. Меѓутоа раководството на Светската атлетска федерација објави дека правилото ќе се однесува само на Кастер Семења, а одложувањето на примената ќе трае до 25. јуни.

Од ИААФ повторуваат дека правилото е донесено како би се зачувал интегритетот на натпреварувањето и нема намера никого да понижи и да навреди.

Се вчитува...