Иако е тешко повреден, Лајпциг му го продолжи договорот на капитенот

Договорот на фудбалерот на Лајпциг, Вили Орбан, ќе биде продолжен до 2027 година, соопштија од клубот. Унгарецот се опоравува од тешката повреда, а во тимот на „Биковите“ е од 2015 година, и ако го исполни целиот договор, ќе биде цели 12 сезони во германскиот тим.

Во моментов Орбан се опоравува од повредата на вкрстените лигаменти, и ќе пропушти добар дел од актуелната сезона, но тоа не беше никаква пречка да му биде продолжен договорот.

„Орбан е неверојатен играч и личност. Како клуб можеме само да бидеме среќни што го имаме“, изјави Рувен Шредер, спортскиот директор на Лајпциг.

Се вчитува...