Ибра му одговори на Џејмс: Спортистите треба да бидат спортисти, а политичарите да се занимаваат со политика

Во пресрет на неговиот настап на фестивалот Сан Ремо, Златан Ибрахимовиќ, асот на Милан, повторно влезе во полемика со Леброн Џејмс. Шведскиот фудбалер му порача на кошаркарот да не се занимава со политика, туку да го прави она во што е најдобар, односно да игра кошарка.

Леброн одговори дека нема шанса да молчи, па во секој укажан момент ќе го користи своето влијание за да луѓето го слушнат неговиот глас.

„Нашата улога е да го обединиме светот со тоа што правиме најдобро. Спортистите треба да бидат спортисти, а политичарите да се занимаваат со политика “, рече кратко Ибрахимовиќ.

Популарниот Ибра зборуваше и за жестокиот конфликт со Ромел Лукаку.

„Не би имал ништо против тој да се појави пред мене. Нема лична нетрпеливост меѓу нас, она што беше на теренот, останува на теренот “, вели Ибрахимовиќ.

Златан ќе настапи во дует со Синиша Михајловиќ на популарниот музички фестивал.

„Се надевам дека и Синиша не знае да пее, така што и двајцата ќе бидеме на исто ниво“, заклучи Ибрахимовиќ со насмевка.

Се вчитува...