Ибра „пецка“: Убав гол на Роналдо, ама некои тоа го прават и од 40 метри

Голот со ножички на Кристијано Роналдо против Јувентус го воодушеви фудбалскиот свет, но се чини дека не и Златан Ибрахимовиќ. Тој смета дека неговиот погодок што го постигна против Англија во 2012 во дресот на шведската фудбалска репрезентација е сепак недостижен.

„Убав гол на Роналдо, но би сакал тоа да го направеше од 40 метри“, истакна Ибрахимовиќ, потсетувајќи на своето ремек – дело, што го изведе пред шест години.

Се вчитува...