Ибра потпиша за галакси: Нема за што, Лос Анџелес!

Веќе нема никакви дилеми, Златан Ибрахимовиќ од денеска е нов член на Лос Анџелес галакси, откако шведскиот ас ја избра американската МЛС-лига за следна станица во својата раскошна кариера. А Ибракадабра не би бил она што е доколку следниот трансфер не го објавеше со стил… па така голгетерот и неговиот нов клуб закупија цела страница за рекламирање во весникот „Лос Анџелес тајмс“, на која пишуваше: Драг Лос Анџелес, нема за што.

Типично за Златан…

Веќе подолго време се пишуваше за интересот на ЛА галакси за услугите на Ибрахимовиќ, Швеѓанецот беше близу до трансфер и пред две години, кога сепак реши да потпише за Манчестер јунајтед. Сепак, откако го загуби првотимскиот статус за голгетерот немаше дилема, тој вчера го раскина договорот со „црвените ѓаволи“, за денеска и официјално да потпише договор со ЛА галакси.

Се вчитува...