Ибра сам се нуди: Му гарантирам на Наполи полн стадион секоја недела ако ме земе во јануари

Златан Ибрахимовиќ го искористи интервјуто за „Газета дело спорт“ и да се понуди на потенцијалните работодавци.

„Имам 38 години, но имам дух и детски занес. Покрај тоа, сите трофеи кои ги освоив не ми го намалија мотивот за победи. Италија е мој втор дом, а договорот со ЛА Галакси ми истекува во јануари па тогаш во новиот клуб одам како слободен фудбалер. Ако се вратам во Италија сакам клуб со кој ќе се борам за насловот“ – вели популарниот Ибра кој седум години мина со Јувентус, Интер и Милан притоа шестпати освојувајќи го Скудетото.

„Неодамна го гледам документарецот со Марадона. Кога гледам како Неапол дава љубов на сите кои го сакаат, ми доаѓа да одам таму. Би било одлично да го повторам тоа што му успеа на Диего. Може да се замислам во Наполи, затоа што таму е и големиот Карло Анчелоти, а гарантирам дека поради мене Сан Паоло секоја недела ќе биде полн“ – вели Ибрахимовиќ.

Се вчитува...