Ибра во елемент: Не ми треба „Златната топка“ за да докажам дека сум најдобар во светот!

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ никогаш не ја освои „Златната топка“ и смета дека престижната награда не му е потребна за да докаже дека е најдобар фудбалер во светот. Ибрахимовиќ никогаш не беше блиску до наградата, односно не беше меѓу првите три кандидати за „Златната топка“, но во интервју открива дека не му било никогаш грижа за тоа.

И контроверзниот менаџер Мино Раиола кажа дека не може оваа награда да биде сериозна ако се знае дека никогаш не ја освоил Ибрахимовиќ.

„Златната топка е добра работа, но не ми е потребна таква награда за да докажам дека сум најдобар. Секогаш ме мотивираат тимските титули, а не индивидуалните признанија за кои се борат сите“, потенцираше Ибра.

Се вчитува...