Ибрахимовиќ: Да бидеш втор значи дека си прв меѓу последните

Оваа сезона Милан потсети на старите добри денови, а еден од најзаслужните за тоа е Златан Ибрахиновиќ. Клубот кој се мачеше до пристигнувањето на Швеѓанецот на „Сан Сиро“, игра препородено со новиот „лидер“, по 17 одиграни кола е на врвот на табелата во италијанското првенство и е во „пол-позиција“ за освојување на „Скудетото“.

Сепак и покрај добрата форма на „росонерите“, преовладува скептицизмот за тимот на Стефано Пиоли, и сите го очекуваат падот на формата и се повеќе се поставува прашањето дали Милан може да го задржи врвот на табелата? Златан Ибрахимовиќ во интервју за „Кориере дела Спорт“ не нуди одговор на ова прашање, но ја знае својата цел.

„Да бидеш втор значи дека си прв меѓу последните. Колку преостанува до крајот? Цела полусезона плус два натпревара. Не сакам да говорам за тоа, како што не сакам да говорам ни за бројот на голови. Тоа е како сам себе да си поставуваш лимити. Јас никогаш не го правам тоа, само сакам од себе и од целиот тим да извлечам максимум, секој ден, сметајќи ги и тренинзите. Не е нормално Милан толку долго да биде надвор од елитата. Со цела почит, кога ја видов Аталанта во Лигата на Шампионите, решив да дојдам и да ги променам работите“ –  изјави Швеѓанецот.

Аталанта не е единствената причина за враќањето на европско тло, како што вели поранешниот шведски репрезентативец, тој постојано бара нови предизвици.

„Во Америка по повредата сфатив дека и понатаму сум фудбалер. Во Лос Анџелес сфатив кој сум и продолжив да бркам нови предизвици. Се запрашав и дали да престанам, но тогаш мојот менаџер Мино Рајола ми рече „Прелесно е да го направиш тоа во Америка, направи го во Европа“, и се вратив. Во Милан бидејќи тоа беше најтешко, ме привлече невозможното“ – додаде 39-годишникот.

39-годишниот напаѓач се ближи до крајот на извонредната кариера, но како што вели Ибрахимовиќ ќе игра додека може.

„Се додека добро се осеќам ќе играм. Во јуни ми истекува договорот, па ќе збориме. Не сакам да се зарабам себе си, ниту клубот. Затоа и по доаѓањето потпишав на шест месеци. Други размислуваат поинаку, но јас сум секој за слобода на избор“ – заврши Ибрахимовиќ.

Се вчитува...