Едноставно Златан: Доби апсурдно прашање, па сервираше одговор во свој стил (ВИДЕО)

Не е никаква тајна дека Златан Ибрахимовиќ нема „влакна на јазикот“. Па, и не зачудува што секогаш се наоѓа во интересни ситуации кои го издвојуваат од останатиот фудбалски свет.

Легендарниот Швеѓанец во Лос Анѓелес беше пречекан од бројни навивачи, но и новинари кои сакаа да се фотографираат со него, па еден се одлучи да биде „малку паметен“ прашувајќи го Златан што мисли за доаѓањето на Даниеле Де Роси во Бока јуниорс, прашање кое нема логика затоа што нема никаква допирна точка со Ибрахимовиќ.

Па Ибра имаше веднаш одговор: „Сакаш да се сликаш или не?“ – праша Златан и си продолжи со својот пат…

 

Се вчитува...