Жестокиот судир меѓу Златан Ибрахимовиќ и Ромел Лукаку го одбележа дуелот меѓу Милан и Интер во Купот на Италија. Се почна со еден прекин пред крајот на првото полувреме кога Ибрахимовиќ спомна „вуду-магија“ што го налути Лукаку.
По бројни меѓусебни вербални напади, и двајцата добија жолт картон, а караницата ја продолжија и на патот кон соблекувалната.
На стартот на второто полувреме Ибрахимовиќ беше невнимателен, па доби втор жолт картон и исклучување. На тој начин ги остави соиграчите на цедило, па Интер со голот на Ериксен во 97. минута дојде до победата.
Lukaku and Ibrahimovic are choosing to cuss other out in English so you know it’s real… pic.twitter.com/XwNTWUgHOE
— Carl Anka (@Ankaman616) January 26, 2021
Иако по исклучувањето на Ибра натпреварот траеше уште повеќе од 40 минути, Швеѓанецот воопшто не помисли да го напушти стадионот. Напротив, трпеливо во соблекувалната до последно ги чекал соиграчите. Кога пристигнале им упатил извинување поради своите постапки и црвениот картон со кој ги оставил на цедило.
Ибрахимовиќ сакал и пред соиграчите да објасни дека воопшто немало расистички навреди на сметка на Лукаку и дека не се чувствува расисти воопшто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА