Ибрахимовиќ: Еднаш го ставив Гатузо во канта за ѓубре

Фудбалерот на Милан, контроверзниот Златан Ибрахимовиќ, на свој автентичен начин зборуваше за роденденот на неговиот син, но и за неговата голема желба. Имено, Швеѓанецот потенцираше дека го контактирал Гатузо за да му каже дека тој е идол на малиот Ибрахимовиќ, па дека од него очекува роденденска порака.

Ибра гостуваше во емисијата „Че Темпо че Фа“, што се емитува на „ТВ Раи 1“, преку видео врска, а по тој повод, меѓу другото, зборуваше и за тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо.

„Вчера му се јавив на Гатузо за да му испрати на мојот син роденденска честитка, бидејќи тој е неговиот омилен играч. Мојот син го обожава неговиот силен карактер, но и неверојатната доминација што ја покажуваше Џенаро на теренот. Му реков на Гатузо: Ако не ми испратиш видео со кое му го честиташ роденденот на мојот син, јас ќе дојдам во Неапол и ќе мораш да го направиш тоа во живо. Еднаш го ставив со главата во корпа за ѓубре, тој е силен, но сепак заврши во корпа за отпадоци“, рече Ибрахимовиќ низ смеа.

 

Се вчитува...