Ибрахимовиќ: Ја видов смртта на мојот брат, не верувам во Бог, само во себе

Во интервју за италијански „Кориере дела Сера“, Златан Ибрахимовиќ одговори на неколку интересни прашања, особено за неговиот приватен живот и неговото детство, како и бегството во Шведска.

„Јас сум Швеѓанец, но сум мешан. Мајка ми е од Хрватска и католик, татко ми е Босанец и муслиман. Голем дел од кариерата живеев во Италија. Не верувам во Бог, само во себе. Така научив омразата кон себе да ја претворам во оружје“, рече Ибрахимовиќ кој призна дека неговиот брат му починал пред негови очи.

„Татко ми многу страдаше поради војната во Југославија. Секој ден добиваше вести како загинал некој кој го познава. Им помагаше на бегалците, а мене секогаш пробуваше да ме заштити од тоа. Кога почина неговата сестра во Шведска, не ми дозволи да одам. Но кога почина мојот брат Сапко од леукемија, бев на прогреб. Почина пред мои очи, ја видов неговата смрт. Го погребавме по муслимански обичаи. Татко ми не пушти ни солза. Утредента отиде на гробишта и плачеше од утро до вечер сам“, изјави Ибрахимовиќ.

Легендарниот фудбалер се опиша себе како дете.

„Бев тежок и проблематичен. Целиот живот беше тежок, но во училиште бев поинаков. Другите беа плави со светли очи и нормални носеви. Јас зборував поинаку од нив, се движев на поинаков начин. Родителите на моите школски другари потпишуваа петиција да ме избркаат од училиште. Секогаш ме следеше омраза. На почетокот реагирав лошо, се изолирав, но подоцна научив омразата да ја претворам во сила“, рече Ибрахимовиќ.

Италијанците ги интересираше и инцидентот со Ромелу Лукаку на големото миланско дерби.

„Тој прво се караше со Ромањоли, а потоа и со Салемакерс. Реагирав да ги заштитам моите соиграчи, и почна да ме навредува. Шокантно е тоа, затоа што бевме соиграчи во Јунајтед. Лукаку има големо его, уверен е дека е светска класа и навистина е силен. Но, јас пораснав во гето, и кога некој ќе ми пријде со дигната глава, јас го ставам на неговото место. Така му ги споменав ритуалите на неговата мајка, и тогаш загуби контрола. Тогаш ги замолив блиските пријатели да се молат за мене. Се надевам дека брзо ќе се сретнеме, тие работи се решаваат на терен. Не мразам никого, па ни Лукаку“, вели фудбалерот на Милан.

Се вчитува...