Златан Ибрахимовиќ не размислува да престане со фудбалот. Во последните два месеци играше севкупно 30 минуит подари повреди, но и натаму се чувствува како играч кој може да направи разлика.
Тој уште еднаш стана хит на социјалните мрежи со наредени топки, меѓу кои една е жолта и коментар:
„Јас одлучувам кога ќе престанам, како што одлучувам дека жолтата топка ќе те удри тебе“, напиша Ибрахимовиќ, и притоа токму жолтата топка удира во камерата.
I decide when to stop, just like I decide that the yellow ball will hit you pic.twitter.com/481mnOGG2W
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) April 20, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА