Ибрахимовиќ на прегoвори со Милан

Златан Ибрахимовиќ сериозно ја разгледува опцијата да се врати во Милан на неколкумесечна позајмица во својот поранешен клуб откако ќе заврши сезоната во американската МЛС-лига. Директорот на „росонерите“ Леонардо откри дека италијанскиот клуб е загреан за ваков потег, а истото е случај и со Ибрахимовиќ, по последните коментари на неговиот агент Мино Раиола.

„Не сме воделе разговори на оваа тема, но подготвени сме да седнеме на маса на Милан и да видиме дали можеме да се договориме. Мило ми е што клубот конечно доби нормални сопственици со кои може да се седне и да се разговара. Не ја отворам вратата за трансфер, ниту пак ја затворам, постои огромна меѓусебна почит меѓу Ибра и Леонардо. Тој не крие дека доживеал прекрасни моменти во Милано и враќањето е можна опција. Сепак, ќе повторам дека треба да се седне и да се разговара под кои услови Милан сака да го врати назад“ – изјави Раиола.

Златан Ибрахимовиќ го носеше дресот на Милан од 2010 до 2012 година, по што беше продаден во ПСЖ.

 

Се вчитува...