Ибрахимовиќ, најстариот стрелец на сите времиња во Италија: Не го сакам тој рекорд

Златан Ибрахимовиќ на натпреварот помеѓу Удинезе и Милан испиша историја како најстар стрелец на сите времиња во Калчо-лигата со 41 година и 166 дена надминувајќи го рекордот на Алесандро Костакурта, кој го држеше рекордот со 41 година и 25 дена.

Швеѓанецот со балканско потекло не го криеше задоволството што се најде во историјата, а нашали и дека не го сака рекордот.

„Нека си го задржи рекордот, не го сакам“, низ смеа изјави Ибрахимовиќ кој потоа продолжи:

„Горд сум што сум дел од историјата на овој голем клуб со големи успеси и фудбалски легенди кои направија неверојатни работи. Искрено многу ми значи. Но, овој гол ни ни донесе бодови, а тоа е тоа што го барав. Горд сум што бев и капитен, но натпреварот не беше како што посакувавме. Добро се чувствував на теренот, немав започнато натпревар 14 месеци и важно ми е да бидам во добра физичка форма. Ако се чувствувам добро како сега ќе можам да играм уште долго, не се сомневам во себе“, вели Ибрахимовиќ.

Се вчитува...