Ибрахимовиќ: Нема што повеќе да докажувам, јас сум најдобриот

Фудбалерот на Милан и репрезентативец на Шведска, Златан Ибрахимовиќ, изјави дека се наоѓа во тој период од својата кариера каде нема потреба повеќе на некој да се докажува. По пауза од неколку години, ветеранот се врати во националниот тим и одигра два натпревари против Грузија и репрезентацијата на Косово.

Ибра потенцираше дека неговите години се само обична бројка, бидејќи се чувствува физички здраво и подготвено за новите предизвици во Милан и Шведска.

„Во споредба со времето кога решив да не играм за националниот тим пред неколку години, јас сум во сосема друга позиција. Играм во клуб со големина на Милан на добро ниво, така што можам да играм и во репрезентацијата. Тоа е нешто со што можат да се пофалат малку фудбалери на моја возраст“, рече Ибрахимовиќ, кој полни 40 години овој октомври.

Искусниот напаѓач додаде дека веќе ја има покажано неговата фудбалска големина, па нема потреба повеќе на никој да се докажува.

„Повеќе не треба никому да се докажувам. Сега играм фудбал за чиста забава и ќе играм се додека можам и уживам во тоа“, заклучи Ибрахимовиќ.

Се вчитува...