Ибрахимовиќ откри до кога ќе игра фудбал

Златан Ибрахимовиќ изјави дека ќе игра онолку колку што може и дека ќе продолжи да ги тресе противничките мрежи како што тоа го прави досега.

Популарниот Ибра се повреди против Наполи и по неколку натпревари надвор од терените е неизвесен за претстојниот викенд меч против Парма. Сепак, мускулната повреда не го спречи Златан да се претстави во свој препознатлив стил во интервју дадено за Би-Би-Си.

„Се наоѓаме во неверојатна форма, но сè уште немаме освоено ништо. „Кога првпат дојдов во Милано, тоа беше клуб кој се бореше за Скудетото, а кога се вратив на теренот, сакав да го донесам Милан каде што му е местото, на врвот“, рече Ибрахимовиќ.

Тој посочи дека враќањето во Европа и Милан е голем предизвик, а тоа е нешто во што ужива.

„Ваквите предизвици ме одржуваат во живот. Ако можам да бидам успешен и кога го правам она што мислам дека можам, тогаш сум навистина среќен. Неверојатно е чувството, многу е поголемо од доаѓањето во клуб кој е веќе на врвот. Јас сум многу мотивиран “, рече Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот додаде дека има големо искуство и дека ќе продолжи да „гризе“ на теренот, иако можеби не е истиот играч како што беше пред пет или десет години.

„Ќе бидам искрен кога ќе кажам дека не трчам како што трчав порано, дека сега користам енергија на попаметен начин за да имам кондиција во текот на целиот натпревар. Причината зошто реков дека Серија А е најтешката лига за напаѓачите е што секој има филозофија дека е подобро да не прима отколку да постигнува гол “, рече Ибра.

На крајот Златан во свој стил ја насмеа јавноста, велејќи дека во минатото играл со Паоло Малдини, а сега ја дели соблекувалната со синот на легендарниот капитен Даниел, но дека неговата кариера нема да запре тука.

„Можеби ќе играм со синот на Даниел. Тоа ќе биде вистинско чудо “, преку насмевка говореше Ибрахимовиќ, додавајќи дека вирусот КОВИД-19 е многу поголем предизвик за психичка отколку за физичка подготвеност.

Се вчитува...