Ибрахимовиќ се премислува – сака да остане во Италија

Златан Ибрахимовиќ најавуваше крај на кариерата по „војната во Милан“ по која Звонимир Бобан доби отказ, но откако страстите се смирија шведскиот ас почна да се премислува на оваа тема. Имено, Ибракадабра не сака да му каже збогум на фудбалот во една ваква ситуација во која владее коронавирусот, дури и доколку сезоната се продолжи, Швеѓанецот не сака последните натпревари во фантастичната кариера да ги игра на стадиони без публика.

Златан е решен да игра уште една година, верува дека е подготвен да го прави тоа на највисоко ниво, а на маса има интересни понуди за промена на клупските бои. Договорот со Милан му истекува во јуни, а Ибрахимовиќ допрва ќе седне на маса со Газидис, во кого нема преголема доверба по конфликтот со Бобан и со Малдини.

Швеѓанецот има еден приоритет – да остане во Италија, земја во која се чувствува одлично и во чија лига се снаоѓа беспрекорно. Доколку не се договори со Милан, Ибрахимовиќ ќе нема проблем да најде нов клуб, Наполи сигурно ќе биде во игра за потпис, како и Болоња, која беше сериозно заинтересирана пред тој да го избере Милан пред крајот на ланката година.

Се вчитува...