„Ибрахимовиќ за малку ќе го претепаше Алегри!“

Поранешниот прв човек на Милан, Адријано Галијани на претставувањето на новата книга на Златан Ибрахимовиќ „Адреналин“ откри неколку „пикантерии“ од животот на шведскиот ас.

Галијани тврди дека популарниот Ибра за малку ќе го претепал Масимилијано Алегри пред девет години по поразот на Милан на реваншот во Лигата на шампионите од 3-0, но за среќа на италијанскиот стратег и тој резултат бил доволен за пласман понатаму бидејќи во првиот меч победиле со 4-0.

„Беше тоа ужасен натпревар, на сите многу ни олесни по мечот. Кога влеговме во соблекувална Ибра викаше како луд. За малку не го претепа Алегри бидејќи на клупа стави двајца голмани. Ибра никогаш не е среќен, никогаш не е задоволен“, изјави Галијани. 

Милан заедно со Ибрахимовиќ и Алегри ја освои титулата во Серија А во 2011 година што е последна за клубот од „Сан сиро“.

Се вчитува...