Ибраими: Горд сум на рекордот, благодарност до сите што ми помогнаа

Бесарт Ибраими доби заслужен одмор на вчерашниот куп-дуел со Работнички, но голгетерот на Шкендија пред натпреварот доби подарок – дрес со број 167 како одбележување на бројот на голови со кои Ибраими стана најдобар стрелец во историјата на Првата лига.

Тој со првиот гол на дуелот со Шкупи го урна досегашниот рекорд на Баже Илијоски, а Ибраими не го крие задоволството што сега тој се наоѓа на врвот на вечната листа на стрелци во елитното македонско фудбалско друштво.

Секако дека е големо задоволството да се стигне до овој рекорд. Горд сум, но исто така и би сакал да се заблагодарам на сите оние кои ми помогнаа да стигнам до оваа бројка. Благодарност до соиграчите, тренерите и сите во клубот, како и до „Балистите“, без чија поддршка овој рекорд ќе беше недостижен. Исто така, големо благодарам до моето семејство, за поддршката што отсекогаш ја добивав да напредувам во кариерата“ – изјави Бесарт Ибраими.

Тој досега има постигнато 114 погодоци во дресот на Шкендија (85 во Првата лига, 15 во Купот на Македонија и 14 во европските купови).

 

Се вчитува...